Како и каде да ја допирате?

Loading...

Жените поради нежната и тенка кожа се чувствителни на стимулните допири од мажите. Затоа никогаш не ја потценувајте моќта на допирот. Допирот може да ве одведе каде што целосниот останат труд нема. Како и каде да ја допирате?

 

Образи

Неодамнешната студија од Универзитетот во Калифорнија покажа дека жените изразито позитивно реагираат на обичен бакнеж во образите на првиот состанок. Др. Симон Мур, коавтор на студијата, советува дека кај првото заедничко излегување дружењето започнете го со обични бакнежи во двата образи.

 

Колена
Подрачјата на телото кои не се често изложени на контакт се многу често значително чувствителни. Тоа посебно се однесува на задниот дел од колената кој е, баш како подрачјето под раката, исклучително ерогена зона, но истотака и поприлично потценета. Прејдете лесно со рацете посебно по задниот дел на колената и ќе почувствувате колку тоа подрачје е ерогено.

Надлактици
Научниците истотака утврдија дека лесниот (несексуален) допир на горниот дел од рацете предизвикува позитивна реакција кај лицата. Допирот се толкува како знак на интимност. Џуди Џејмс, авторка на книгата „The Body Language Bible“, објаснува дека лицето кое го симпатизирате можете во разговор згодно нежно да го допрете по надлактиците. На тој начин праќате многу суптилен сигнал дека таа личност ви се допаѓа.

Грб
Грбот е чувствително сексуално подрачје. Ако сеуште не сте во длабок однос можете лесно да ги ставите рацете на нејзиниот грб, како при шетање или во моментот на седење на стол. Во интимните односи, целата ваша предигра може да се базира на нејзините бакнежи и допирите со прстите по нејзиниот грб.

Дланки
Дланките се исклучително чувствителни на допир бидејќи многу живци всушност завршуваат на нив. Без оглед на степенот на однос во кој се наоѓате, контактот на дланките е гест која ве зближува и го зацрврстува вашиот однос.

loading...