10 трикови за убавина со оцет

Поради антибактериските својства, јаболковиот оцет е идеален за чистење лице. Може да помогне во отклонувањето на акните, како и во враќањето на Ph рамнотежата. Ставете малку оцет во вода, намокрете го туферот, па со него пребришете го лицето.

Модрици
На местото каде што сте се удриле и се појавила модрица, ставете малку оцет со памукче. Тој делува антивоспалително, па ќе го спречи појавувањето на модрите бои.

Сјајна коса
Во еден сад ставете четири филџани вода и 1/3 филџан со оцет. Со оваа течност имијте ја косата после шампонирањето, а потоа поминете ја косата со студена вода. Ако имате проблеми со првутот, два пати неделно скалпот поминувајте го со мешавина од оцет и вода во еднаков размер. Потоа косата врзете ја во крпа и оставете да отстои еден час. На крај, косата измијте ја како и секогаш што правите.


Непријатен здив
Ако патите од непријатен сдив, гаргара со мало количество јаболков оцет ќе ви помогне да го елиминирате. Оцетот ќе ги убие бактериите кои го предизвикуваат здивот.

Дезодоранс
Не можете да замислите поздрав дезодоранс од јаболковиот оцет. Нанесете малку оцет под пазувите и почекајте да се исуши, а со тоа и мирисот на оцетот ќе ичезне и нема ни да го почувствувате.

Бели заби
Едно капаче оцет растворете во две капачиња вода, а потоа правете гаргара. Забите измијте ги како и обично, а разликата бргу ќе ја забележите.
Непријатен мирис на нозете
Ако патите од овој проблем, нозете избришете ги со хартија (онаа за раце е идеална, бидејќи е подебела) или марамче, кое претходно сте го натопиле во јаболков оцет.


Слабеење
Јаболковиот оцет нè прави посити, а киселината во оцетот го спречува собирањето на масните наслаги.

Вирусни брадавички
Парче памук намокрете го во оцет, па со фластер залепете преку брадавиците и оставете да стои преку ноќ. Повторувајте го ова секоја ноќ, додека брадавицата не отпадне.

Енергија
Калиумот и ензимите во јаболковиот оцет помагаат за кревање на енергијата. Додајте малку оцет во чаша вода и исптијте ја течноста. Доколку вежбате, можете да ја пиете и при спортување, за да не се исцрпите. Амино киселините во оцетот го спречуваат собирањето на млечната киселина во мускулите по вежбањето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.