11-годишна милионерка најави забава за нејзиното „пензионирање“

Пикси Кертис, 11-годишна австралиска милионерка, ќе организира забава по повод нејзиното „пензионирање“, откако нејзината мајка Рокси Јаченко ѝ укажала на важноста да се воспостави рамнотежа меѓу образованието и претприемништвото, пишува „Њујорк пост“.

Пикси почна да продава тн. „фиџет-спинери“ за време на корона-пандемијата, по што заработи неколку милиони долари.
Младата претприемачка од Австралија ќе приреди забава за нејзиното (веројатно привремено) повлекување од бизнисот, на денот на нејзиниот 12. роденден за да се насочи на образованието.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.