сабота, 14 ноември 2026
Најново

11 македонски граѓани побараа евакуација од Израел! Муцункси: Ние сме на страната на САД

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека досега 11 македонски државјани побарале евакуација од Израел.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изјави дека земјата цврсто стои покрај американските сојузници во услови на дестабилизирачки закани на Блискиот Исток.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според него, Соединетите Американски Држави јасно ставија до знаење дека дипломатијата секогаш останува прва опција во решавањето на кризите, но нагласуваат дека превенцијата е од суштинско значење кога постојат веродостојни ризици.

„Безбедноста, стабилноста и одговорноста одат рака под рака“, се нагласува во соопштението.

Муцунски најави дека амбасадите и конзуларните тимови низ целиот регион се активно вклучени во поддршката и помагањето на граѓаните, обезбедувајќи ја нивната безбедност и обезбедувајќи ја целата потребна конзуларна помош.

Поврзани вести