11 дена пред референдумот: За прв пат повеќе жители на Шкотска се за независност од Велика Британија

На само 11 дена пред одржувањето на референдумот за независност на Шкотска, на денешните објавени резултати, најновите анкети за прв пат покажуваат дека мнозинството граѓани на Шкотска се за независност од Велика Британија.Во истражувањето кое го објави “Сандеј Тајмс“ 51 посто од испитаниците биле за независност, додека 49 против, не земајќи ги во предвид неутралните гласачи.
Иако водството од два проценти може да се каже дека е во рамките на статистичките грешки, сепак резултатите од најновото јавно мислење значително ги зголеми шансите на Шкотската национална партија (SNP) на референдумот кој треба да се одржи на 18. септември.
 “Сандеј Тајмс“ исто така наведува дека и кралицата Елизабета II станала многу загрижена поради референдумот за независност на Шкотска и побарала да биде известувана секојдневно за развојот на ситуацијата.
Се очекува сега владата на Дејвид Камерон во последен момент да и понуди неколку остапи на Шкотска, меѓу кои би било и враќањето на поголемите одговорности во надлежност на шкотланѓаните, се со цел да се сочува унијата на Англија и Шкотска која трае 300 години. Шкотска завзема третина од копнената територија на Велика Британија.Во истражувањето кое го објави “Сандеј Тајмс“ 51 посто од испитаниците биле за независност, додека 49 против, не земајќи ги во предвид

Пронајдете не на следниве мрежи: