11 најсилни армии во светот: Америка може да се бори против остатокот од планетата!

Америка издвојува 612 милијарди долари. И покрај сите мерки за штедење на САД, тие трошат повеќе од сите 10 останати земји заедно.Најновите истражувања за светските воени сили, ни ги претставува 11-те најмоќи армии на светот.
1. Америка
Најголемата предност во конвенционалното наоружување е всушност во морнарицата. Имено, Америка има 19 носачи на авиони, додека останатите земји имаат „само“ 12.
Нејзината сила лежи и во моќната и бројната авијација која што е најголема во светот. Тука секако е и добро обучената војска, а САД го имаат и најголемиот нуклеарен арсенал во светот.

2. Русија
Нешто повеќе од две децени по распадот на СССР, руската воена сила повторно расте. Буџетот за војската (ако се погледне во однос на 2008 година) се зголеми скоро за една третина. Очекуваниот пораст во наредните три години би требало да биде за 44% поголем. Сегашниот воен буџет на Русија изнесува 76,6 милијарда долари.
Русија моментално има 766.000 активни војници, плус резервен состав кој бори 2.485.000 војници. Русија ја поседува наголемата тенковска армада, која што бори 15.000 возила. 

3. Кина
И Кина започна со немилосрдна политика на трошење за воениот буџет, кој во последните години изнесува од 12,2%. Според официјалните податоци, Кина има воен буџет од 126 милијарда долари, но неофицијално би можел да биде и поголем.
Големината на кинеската војска е застрашувачки голема. Имено, бројот на активни војници изнесува 2.285.000, додека резервните сили бројат 2.300.000 луѓе. Кина е и многу успешна во „крадењето“ на модерна технологија – како на пример, нивниот скорешен „интерес“ за F-35. 

4. Индија
Индија засега троши само 46 милијарда долари за издвојување средства за војската, но се очекува зголемување на буџетот во склад со модернизацијата на војската. Според долгорочните проценки, до 2020 година таа би требало да биде четврта земја според издвојување на средства за војската. Засега е најголемата земја според увозот на воена опрема.
Индија поседува балистички проектили кои можат да ја погодат секоја точка во Пакистан и поголем број места од територијата на Кина. 

5. Велика Британија
Велика Британија планира редуцирање на вооружените сили за 20% во периодот помеѓу 2010 и 2018 година, како и одредени резови во морнарицата и авијацијата. Буџетот за војската изнесува 54 милијарда долари.
И покрај тоа, Британија има големи планови. Тие планираат својот носач на авиони „Кралица Елизабета“ (чија палуба има површина од 4,5 хектари) да го стават во служба до 2020 година. Овој носач на авиони ќе може да носи 40 F-35В. 

6. Франција
Франција ги замрзна издвојувањата за војската за време на 2013 година, а следуваат и намалувања на вработените за 10% само за војската, со цел да се заштеди за развој на напредната технологија. Оваа земја троши 43 милијарди долари годишно за војската, што е помалку од пропишаниот стандард што беше воведен од НАТО за земјите членки. 

7. Германија
Силата на германската војска лежи во економската сила на земјата. Германија троши 45 милијарда долари за војската.
По Втората светска војна, германското население претежно било антивоено настроено. Но, сепак, по распадот на Југославија, Германија зазема поактивна меѓународна улога.
Германија има 183.000 активни војници, додека резервниот состав брои 145.000 војници. 

8. Турција
Се очекува Турција да го зголеми својот воен буџет за 9,4% оваа година. Моменталниот буџет изнесува 18,2 милијарда долари. 

9. Јужна Кореја
Јужна Кореја ги зголеми издвојувањата за војската поради порастот на наоружувањето на Кина и Јапонија, но и поради постојаните закани од Северна Кореја. Јужна Кореја моментално троши 34 милијарда долари за одбрана.
Оваа земја има 640.000 војници во активен состав, додека резервниот состав брои неверојатни 2.900.000 луѓе. Покрај тоа, Јужна Кореја има 2.346 тенкови и 1.393 авиони.

10. Јапонија
Јапонија за првпат во последните 11 години одлучи да го зголеми воениот буџет. Па така, оваа земја троши 49,1 милијарда долари.
Јапонија има 247.000 активни војници и уште 57.900 дополнителни. Покрај ова, авијацијата на Јапонија брои 1.595 авиони (петти во светот), како и 131 брод. 

11. Израел
Во 2009 година, Израел издвои 18,7% од својот вкупен буџет за потребите на војската. Воениот буџет на Израел изнесува 15 милијарда долари.
Голем процент од воениот буџет се одвојува за одбранбена технологија. За тоа говори и антиракетната одбрана која може да пресретне проектили што доаѓаат од Палестина. 
Најновите истражувања за светските воени сили, ни ги претставува 11-те најмоќи армии на светот.
1. Америка
Најголе

Пронајдете не на следниве мрежи: