1. Дали ви е прв или деветти состанок
За разлика од жените, на мажите воопшто не им е грижа на колку состаноци треба да отидете пред првиот секс.
2. Дали носите „бабински“ гаќи
Во моментот на возбуда, мажите сигурно нема да ја забележат вашата долна облека. И онака наскоро ќе бидете без неа.
3. Дали имате презервативи
Се грижите што би помислил партнерот доколку имате кутија кондоми во чантата? Единственото нешто што може да го помисли е дека сте личност која сака безбеден секс.
4. Дали тоа ќе му биде најдобриот секс во животот
Никој не сака лош секс. Но, кога прв пат спиете со некој нормално е тоа да не биде најдобриот секс во вашиот живот.
5. Дали не сакајќи ќе го удрите
Ако случајно го удрите партнерот додека се соблекувате, нема потреба долго да му се извинувате. Насмевнете се, извинете се кратко и продолжете со акција.
6. Дали сте депилирани
Бидете сигурни дека партнерот нема да забележи ако имате некое влакно повеќе.
7. Каква е атмосферата во собата
Партнерот воопшто нема да забележи дали сте запалиле романтични свеќи и дали има секси музика. Тој е целосно фокусиран на вас.
8. Дали носите пуш-ап градник
Нема потреба да се грижите дека партнерот ќе се чувствува измамено кога ќе ви го соблече градникот.
9. Колку пози ќе промените
Нема потреба да се покажувате и да ја пробувате секоја поза на којашто ќе се сетите. Ако помеѓу вас се случува нешто вистинско, ќе имате време за експериментирање.
10. Дали сексот ќе трае цела ноќ
Сексот треба да трае доволно долго за и двајцата да доживеете оргазам.
11. Дали ви е потребен лубрикант
Воопшто не треба да ви биде непријатно ако ви е потребен лубрикант за удобен сексуален однос. Тоа нема да ја намали страста помеѓу вас.