По повод претстојните Велигденски празници, денеска, претседателот на Советот на општина Карпош, Сашо Лазаровски и Секретарот на Општината, Бојан Милошевски, во неколку урбани заедници им поделија хуманитарни пакети на социјално загрозените лица, кои живеат на територијата на локалната самоуправа.Благодарение на донациите од карпошани, од насобраните прехранбени продукти ќе се обезбедат 110 хуманитарни пакети, кои ќе ги збогатат семејните трпези на граѓаните со социјален ризик. Во досега најмасовната хуманитарна акција „Да бидеме хумани за нашите соседи“ која по 18-ти пат ја спроведе одделението за детска, социјална и здравствена заштита при општина Карпош, минатиот викенд, учествуваа и младите карпошани од неколку основни училишта ширум општината, како и општинската администрација.
Во духот на хуманоста, општина Карпош ќе им додели и еднократна парична помош на луѓето од оваа ранлива категорија, со цел и тие достоинствено да го одбележат овој голем христијански празник. Локалната самоуправа, традиционално ја спроведува оваа хуманитарна акција, по повод роденденот на Општината, за Божикните и Велигденските празници.Благодарение на донациите од карпошани, од насобраните прехранбени продукти ќе се обезбедат 110 хуманитарни пакети, кои ќе ги збогатат се