Starbucks со акција да ги обедини американските политичари

Најголемиот синџир на кафетерии на светот Starbucks покрена акција со цел да ги повика демократите и републиканците на договор околу намалување на буџетскиот долг.

Низ рестораните на Starbucks во Вашингтон на чашите во кои се служи кафето е испишана паролата „Здружете се“.

Доколку до 1 јануари е биде постигнат договор помеѓу републиканците и Белата куќа, автоматски ќе уследи драстично зголемување на даноците и големо намалување на трошоците, таканаречена „фискална бездна“. Економистите предупредуваат дека ваквата комбинација би можела да ја врати американската економија во рецесија.

Starbucks денеска објави и комерцијален оглас во Washington Post, на кој стои пластична шолја за кафе со натписот „Здружете се“.

Директорот на компанијата, Хаурад Шулц изјави дека овие зборови имаат за цел да испратат порака до конгресмените за штетата која може да настане како последица на нивната неспособност да постигнат договор.

Пронајдете не на следниве мрежи: