Убиен заменикот муфтија на Северна Осетија

Loading...

Заменикот муфтија  на Северна Осетија , Ибрахим Дударов, е убиен ноќта кон четвртокот во селото Чми во областа на Владикавказ, јави РИА Новости повикувајќи се на претставници на безбедносните сили на малата република Кавказ.

Муфтијата Каџи-Мурат Гацалов изјави дека неговиот заменик 34-годишниот Ибрахим Дидаорв бил убиен поради неговата работа во Духовната управа на муслиманите во Северна Осетија. За свој заменик вели дека бил „апсолутно неконфликтна личност“.
Дударов бил убиен со пет истрели околу 23 часот по локално време на патот кон регионалната престолнина Владикавказ, на границата со руската кавкаска република Чеченија.
Северна Осетија инаку е населена со руски христијани, но има и ингушко муслиманско малцинство.
Атентатите, експлозии и напади врз припадници на властите и безбедносните сили, но во последниот период и врз претставниците на умерениот ислам и локалните муслимански управни и административни тела се речиси секојдневни во областа на Северен Каваказ, во немирните Република Ингушетија, Дагестан и Чеченија, Кабардино-Баркарија.
Така, во вторникот во неговата канцеларија беше убиен директорот на агрономскиот институт во републиката Кабардино-Балкарија, кој воедно беше и локален функционер на владејачката партија.

Макфакс

loading...
Loading...