Ракометарите на тест средба со Саудиска Арабија

Македонската ракометна репрезентација, во петок, во Пореч, ќе го одигра првиот контролен натпревар, кој е дел од подготовките на националниот тим за настап на Светското првенство.

Противник на Македонија ќе биде Саудиска Арабија, репрезентација која исто така ќе учествува на претстојниот Мундијал во Шпанија.
Селекторот на националниот тим, Звонко Шундовски, на располагање, за мечот со Саудиска Арабија има 19 играчи, недостига само голманот Борко Ристовски, кој поради клупски обврски, на репрезентацијата ќе и се приклучи на вториот дел од подготовките.
До заминувањето за Шпанија, македонските ракометари ќе одиграат уште две контролни средби, по Нова година, во Ниш на 4 и 5. јануари ќе играат со Египет и Србија.
Светското првенство во Шпанија ќе се одржува од 11 до 27. јануари, Македонија ќе се натпреварува во група заедно со Данска, Русија, Исланд, Чиле и Катар. Првите четири репрезентации ќе продолжат во осминафиналето, од каде започнуваат елиминациските борби.
Контролниот натпревар Македонија-Саудиска Арабија, во Пореч ќе започне во 18 часот.

Пронајдете не на следниве мрежи: