Со жежок танц се обидувала да подмити полицајци

Loading...

Играјќи на шипка на сред улица со цел да ги подмити полицајците, Надежда Силенскаја се посрамоти откако снимката се појави во јавност.

Во обид да ги спречи службените лица да и пишат казна затоа што возела во пијана состојба, таа заиграла доста провокативно на поставениот сообраќаен знак.

Откако не успеала на тој начин да ги натера полицајците да се откажат од казната, таа ги пријавила кај командирот, обвинувајќи ги за кражба на скапоцености од нејзиниот автомобил. За да докажат дека тоа е клевета, истите морале да ја приложат снимката од камерата на полициското возило како доказ за тоа што навистина се случило.

На крајот, оваа 41 годишна дизајнерка остана јавно посрамотена, без возачка дозвола, а доби и пријави за клевета и нарушување на јавниот ред и мир.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

loading...
Loading...