Работи кои хороскопските знаци ги мразат

Доколку верувате во хороскоп, веројатно веќе знаете што сака секој од хороскопските знаци. Меѓутоа, за да имате добар однос и да избегнете идни расправии со некој знак, многу е важно и да дознаете што не сака.

Еве што им оди на нерви на хороскопските знаци.

1. Овен

„Направи ова.“ „Направи вака, а не така“. Дефинитивно изрази кои овните најмногу ги мразат.

Тие не сакаат да им се кажува што да прават. Затоа, не им зборувајте такви нешта доколку не сакате да ве остават.

 

2. Бик

Биковите се можеби најголемите хедонисти, па според тоа мразат кога им се нарушува мирот и уживањето.

Врзани за својата сопственост, тешко ќе ги убедите во важноста на нематеријалното. Затоа, не се ни обидувајте.

 

3. Близнаци

Доколку сакате да ги замолкнете, залудно ќе се трудите. Тоа едноставно не може да се направи.

 

4. Рак

Не можат да поднесат кога некој ќе им каже дека треба да променат некои од своите навики.

Раковите не сакаат да остваруваат активности кои немаат допирна точка со семејството или пријателите.

 

5. Лав

Не можат да поднесат суперлативот „најдобар“ да му припадне на некој друг наместо ним. Ако сакате да ги придобиете, само подметнете им добра идеја како да е нивна.                    Немојте да ги лажете, тоа не го простуваат.

 

6. Девица

Девиците се водат по следново: „Или ќе биде по мое, или пак по мое“.

Немојте да се обидувате да прилагодите нешто на вашите потреби. Нема да ви успее, а секако ќе настане и расправија.

 

7. Вага

Не се обидувајте да им  докажете дека не се во право, зашто не веруваат во тоа.

Не сакаат расправии, па доколку сакате да дискутирате за некоја тема очекувајте дека само ќе ве игнорираат.

 

8. Шкорпија

Не им солете памет.

Немојте да ги навредите шкорпиите, зашто ќе ве избришат од својот живот засекогаш.

 

9. Стрелец

Не им наметнувајте непосакувана обрска.

Не се повикувајте на авторитет, тоа ништо не им значи.

 

10. Јарец

Несериозноста им оди на нерви.

Не сакаат кога им се вели дека она што го прават, треба да го прават побрзо.

Не толерираат различно мислење од нивното.

 

11. Водолија

Не ги оставајте да чекаат, не поднесуваат ако им речете „Полека, полека, ќе биде“

 

12. Риби

Потенцирајте им дека забележувате што прават за вас, инаку ќе имате проблеми.

Не сакаат кога не им се цени вниманието кое ви го посветуваат.

Ни под разно немојте да ги игнорирате.

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: