Луѓето сјаат во мрак – Интересни факти за човековото тело

Истражувајќи го човековото тело научниците дошле до многу интересни занимливости за него. Еве десет од нив кои се особено интересни.

1. Човековото тело сјае во мрак

Кога е мрачно, човековото тело емитира светлина, но таа е многу слаба за да биде видлива со голо око.

 

2. Телото произведува аспирин

Со консумација на овошје и зеленчук се создава личен аспирин.

 

3. Телото бара сон, токму кога човекот е на работа

Кратка дремка од 20 минути помага телото да се освежи.

 

4. Наутро сме повисоки отколку навечер

Звучи чудно, меѓутоа наутро сме повисоки зa околу еден сантиметар.

 

5. Оргазмот предизвикува кивање

Центрите за кивање, зевање и оргазам се доста блиску. Токму тоа е причината за оваа појава.

 

6. Јазикот има уникатен отпечаток

Исто како и прстите, и јазикот има единствен отпечаток. Тој може да се користи при утврдување на идентитетот на луѓето.

 

7. Кожата на стапалата е најдебела

Кожата на табаните е најдебела и изнесува околу 4 милиметри.

 

8. Слепото црево не е бескорисно

Иако сите сметаме дека залудно го имаме, сепак тоа не е така. Слепото црево е „сигурен дом“ за корисните бактерии во човековото тело.

 

9. Положбата на телото влијае врз памтењето

Полесно ќе се сетиме на нешто што сме направиле доколку го наместиме телото во иста положба како тогаш.

 

10. Природните русокоси имаат побујна коса

Истражувањата покажале дека природните русокоси имаат повеќе коса од другите девојки. 

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: