Наместо преку нафта, електричните генератори работат преку човечка урина

Loading...

Најголемите светски компании трошат неколку милијарди долари обидувајќи се да најдат поефтини начини за нови алтернативни извори на енергија но никако да успеат во тоа. 

Во светот сеуште главни извори на енергија се гасот и нафтата.

Но, неколку девојки од Африка Duro-Aina Adebola (14), Akindele Abiola (14), Faleke Oluwatoyin (14) i Bello Eniola (15) смислиле нов начин како да прозведат ефтина електрична енергија. Станува збор за урина или новото “гориво” со чија употреба електричниот генератор почнал да работи. 

Овие девојки ги искористиле старите делови од технологија кои ги нашле во отпад.

Не само што успеале да го склопат својот изум за само 35 долари туку и направиле нешто што не им текнало на искражувачките центри во Сад, Европа и Јапонија.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

loading...
Loading...