Кристијано Роналдо – Денес најпосакуван, некогаш најисмејуван

Кристијано Роналдо, човекот кој денес ги руши сите рекорди во фудбалот, некогаш бил на работ да се откаже од најважната споредна работа на светот. Имено, на 12-годишна возраст се преселил од родниот град Медеира за да се приклучи на екипата на Спортинг од Лисабон. По само неколку дена, со својот специфичен акцент станал мета на исмејување на останатите соиграчи. Плачејќи и нервирајќи се секојдневно, тој бил решен да се откаже од фудбалот. Меѓутоа, неговите го охрабриле да издржи и денес тој е најголемата фудбалска ѕвезда.

Меѓутоа маката на Кристијано Роналдо не бил само акцентот. Покрај тоа што доста лошо зборувал, тој и не изгледал  баш сјајно. 

Сепак ништо не го обесхрабрило Португалецот да чекори кон зацртаната цел-да постане фудбалер број еден во светот.

Надминувајќи ги „кошмарите“ од детството, денес Роналдо самоуверено тврди дека акцентот кој некогаш го терал да се чувствува како кловн, сега  е составен дел  од неговиот шарм.

Кој би помислил дека тоа обично, несредено момче, со лош акцент, еден ден ќе стане најзгодниот, најуспешниот и најпосакуваниот маж на светот?

 

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: