Најголемите светски заблуди

Луѓето многу често се во заблуда. Тие веруваат во многу нешта и ретко успеваат да разграничат што може, а што не може да биде. Толку цврсто се убедени во нешто, што залудно е да им се објаснува дека грешат. Сепак, нормално е кога се во заблуда да не бидат свесни за тоа.

Кога станува збор за заблудите на луѓето во светот, може слободно да кажеме дека ги има во огромен број. Некои од најинтересните се слледниве:

Една од најголемите светски заблуди е онаа дека Кристофер Колумбо ја открил Америка. Тој навистина пристигнал на овој континент, но не бил прв. Неколку норвешки морнари под команда на Лејф Ериксен биле оние кои први пристигнале во Америка. Покрај ова, уште потрагично е тоа што Колумбо умрел во заблуда,  мислејќи дека го открил поморскиот пат за Индија.

Чарлс Дјуел, шеф на едно американско биро за патентирање тврдел дека веќе нема што да се истражува, затоа што се што можеше да се открие, веќе е откриено.

Пред многу години еден американски доктор тврдел дека пушењето е добро за здравјето.

Оние кои го изградиле најголемиот брод Титаник тврделе дека никогаш нема да потоне зашто тоа е невозможно. Сепак, на крај се покажа дека тоа било само една голема заблуда.

Уште едно интересно верување е тоа дека на Јужниот пол водата од ВЦ-школката ќе се излее надвор од неа, што секако не е вистина.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: