Дали навистина супата од кокошка лекува се?

Од зима во зима многу родители им ја повторуваат на децата наследената мудрост: „Немој долго време да бидеш на студено, ќе се настинеш“. Но, оториноларингологот Д. Ј Вирет вели дека таа бабина лекција нема да ве сочува од настинка.За разлика од топлите, сончеви денови, студеното време е на лош глас, затоа што асоцира на настинки, грип и депресија. Ако се додаде на тоа и уште и стресот за празниците, пописот на зимските „нуспојави“ би можел да ги расипе зимските радости. Но да се вратиме на митот од почетокот на приказната, во кој како што тврдат научниците, нема вистина.
Безгрижното уживајте на снег и во зимските прошетки затоа што нема да се настинете ако долго време сте надвор кога температурите се под нулата. Иако штипе за образите, студот не е но никаква врска со ризикот од настинки.
– Настинките се предизвикуваат од вируси или бактерии кои во зимата повеќе се шират, но не поради поминатото време надвор, туку во затворени простории каде сме во близок контакт со луѓето, истакнува др. Вирет.
– Всушност, излегувањето од дома и поминувањето време на свеж воздух е најдобра превенција против настинките затоа што ве прави помалку чувствителни на незгодните микроби кои вребаат во просториите низ кои минуваат многу луѓе, додава оториноларингологот Вирет.
Мит: Супа од кокошка лекува се
Од генерација на генерација се пренесува митот за лековитата моќ на супата од кокошка. Иако не е чудотворна и нема да ве излечи од грип, во тој мит сепак има и вистина, тврди др. Шарп. Докажано е дека позитивно влијае на имунолошкиот состав, односно на агрегација на неутрофили, белите крвни зрнца кои се прва одбранбена линија на телото против бактерии. Топлата супа ја осигурува потребна течност и го смирува воспалението на грлото, но сепак нема лековити својства кои можат да помогнат во борбата против гирпот.
Мит: Во зима на кожата не и треба УВ заштита
Иако е студено и облачно, тоа не значи дека не ви треба крема со заштитен фактор, предупредува дерматологиот Дебра Џалиман. Иако во зима нема многу сончеви денови, УВ зраците се и тоа како присутни и се препорачува да се употребуваат креми за заштитен фактор 30. Најдобар избор се UVA и UVB блокатори кои содржат цинк или титан.

 
Мит: Додека капата е на глава, ќе ти биде топло
Тоа главно е само мит. Топлината ја губиме низ кој било дел од телото кое не е заштитено со облека и е изложено на надворешно влијание. Затоа не грижите се ако сте заборавиле да ставите капа, не сте изложени на поголем здравствен ризик. Капата, секако, во зима е добродојдена, но не е нужна при секое кусо излегување од куќата. Од капата е многу поважен топлиот капут.
Мит: Не можам да добијам смрзнатини ако не е -20 Целзиусови степени
Смрзнатините можат да настанат и кога температурата е околу 0 Целзиусови степени, предупредува дерматологот др. Дебра Џалиман. Кога кожата ќе стане студена или мокра, може благо да отрпне и на неа можат да се појават смрзнатини. После само половина час  на студено и влажно место може да се добијат смрзнатини. Ако после појавувањето на меурчиња, кожата на одделни места поцрне и ќе стане нечуствителна на ладното, можат да се оштетат нервите, а последица може да биде и губење на замрзнатиот прст.
Надвор се вежба за топлите денови
На зимата и се припишуват и некои позитивни својства па луѓето често мислат дека за време на студените денови сме поштедени од непријатните и здодевни алергии, но тоа е празен мит.
– За оние кои страдаат од алергии, зимата им носи добри и лоши вести, рече оториноларингологот Вирет. Ако сте алергични на полен, зимата ќе ви донесе олеснуање, но ако сте чуствителни и на некои алергени во затворени простории, како што се грини или влакна на домашни миленичиња, алергијата може дополнително да се зголеми. Затоа бидете повнимателни, затоа што кивавицата и кашлањето не се секогаш последица на сезонски вируси туку на алергија.

 
– Поради сивото, тмурно небо, студот и стресот за новогодишните празници претпоставуваме дека зимата особено го зголемува ризикот од депресија. Но тоа не е точно, објаснува др. Џон Шарп. Ако во зима сте тажни, имајте на ум дека таканаречената новободишна потиштеност е краткотрајна. Ако ве мачи несоница и сте раздразливи, можно е да имате сезонско афективно нарушување, чии симптоми се слични на депресија.
Главна причина се кусите денови и лошто време и намалувањето на физичката активност. Затоа излегувајте од дома секогаш кога времето ви дозволува. Најдобри се претпладневните прошетки, кога имате најмногу сончева светлина, а ако сте активни рекреативци, ни во зимата немојте да се откажувате од вежбање.
Мит: Грипот е силна настинка
Грип можете да има симптоми на силна настинка, но за разлика од настинката, грипот е многу поопасен и одзема животи. Само во Америка секоја година од него умираат околу 36.000 луѓе, а преку 200.000 заболени се хоспитализирани.
Мит: Во зима е многу важно  да се спие повеќе
Во студените зимски утра помислата на долго спиење во топол кревет звучни привлечно, но технички, на нашето тело во зима не му треба повеќе сон, напоменува др. Шарп. Поспаноста е последица на недостиг на сончева светлина. Деновите се покуси и во ред е ако во кревет одите нешто порано, но не претерувајте со спиењето затоа што тоа создава поголема  поспанст во текот на денот.
Мит: Со антибиотици најдобро се лечи грипот
Антибиотиците се делотворни во борбата против бактериите, но не и против вирусните инфекции, како грипот. Но како компликација на грипот може  да настане и бактериска инфекција. Ако грипот продолжи, посетете лекар.
Мит: Ако сте добро, не сте заразни
Неточно- грип можете да добиете единствено ако сте биле изложени на вирусот грип. Иако сезоната на грип се совпаѓа со доаѓањето на ладното време, грип нема да добиете ни ако излезете во зима со влажна коса или без капут.
Мит: Грозницата треба да се „изгладне“
Ако имате грип или настинка проследена со висока температура, морате да пиете повеќе течности, но нема правило за тоа дали треба помалку или повеќе да јадете. Со изгладнување не постигнувате ништо, а сиромашната прехрана нема да ви помогне да се почуствувате подобро.
Мит: Сувата кожа е само безопасно зимско малтертирање
Чешањето и перутањето на кожата се иритирачка и непријатна последица на ладното и на сувиот воздух, но никако не треба да ги занемариме како безопасни нуспојави во зимата, предупредува дерматологот Дебра Џалиман. Всушност, кога кожата ќе стане сува на нејзината површина настануваат ситни пукнатини кои се отворена врата за инфекции. Делувајте превентивно, па кожата хидрирајте ја два пати во денот после туширање и пред одење на спиење, а деловите кои повеќе се склони на  сушење осигурајте ги со дополнителна доза на хидратација во текот на денот.
Мит: Во зима не треба да вежбате
Надвор е студено и можеби не сте мотивирани за трчање, но ако мислите дека вежбањето на ладно е лошо за здравјето, грешите. И тоа како е пожелбно да се одржи континуитетот за вежбање, но тренингот треба да биле полесен и побавен.
– Пред вежбање добро да се загреете. Пример, пред трчање лесно пешачете пет до десет минути и одбегнувајте големи нагорнини пред телото да се прилагоди на температурата, советува др. Џон Шарп. 
КурирЗа разлика од топлите, сончеви денови, студеното време е на лош глас, затоа што асоцира на настинки, грип и депресија. Ако се додаде на тоа и

Пронајдете не на следниве мрежи: