Американска студентка судски издејствува родителите да не и се приближуваат

Родителите на една 21-годишна американска студентка по театрологија добија судска забрана да и се доближат на својата ќерка, која успеа да го убеди судот дека родителите сакале да ги контролираат сите аспекти на нејзиниот секојдневен живот.

Обри Ирланд е талентирана студентка по театрологија на козерваториумот во Синсинати и често добивала главни улоги на факултетските мјузикли. Но, најновиот успех не го оствари на престижниот конзерваториум, туку на судот, каде ги тужеше родителите и побара забрана за нивно приближување.
Судијката пресуди во нејзина полза и им забрани на родителите во наредните девет месеци да се приближат на помалку од 150 метри до нивната ќерка единица.
„Поради тоа што би ги плаќаат студиите и трошоците за живот мислат дека смеат да ми одредуваат со кого ќе се дружам и да го котролираат целиот мој живот“, изјави Ирланд.
Една од најдобрите студентки поднесе тужба против своите родители кога сфатила дека на нејзиниот компјутер и телефон има инсталирано надзорен софтвер. Покрај тоа родителите знаеле често и да ја посетата ненајавено и да се распрашуваат за неа кај шефот на катедрата.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: