Местото на слетување на Curiosity именувано по писателот Бредбери

Експертите на американската агенција за вселенски истражувања NASA на местото од слетување на роверот Curiosity на Марс му го дадоа името на неодамна починатиот американски писател на научна фантастика, авторот на „Марсовските хроники“, Реј Бредбери.Оваа одлука ја соопштија на прес-конференција претставници на Лабораторијата за реактивни движења Jet Propulsion Laboratoryна NASA.

Американски писател, класик на научната фантастика Реј Бредбери е роден на 22-ти август 1920 година во Вокиган, во сојузната држава Илиноис. Неговата прва приказна е објавена во 1941 година, по што пишувањата на Бредбери почнале да се печатат во разни списанија. По првата збирка раскази „Мрачниот карневал“ (Dark Carnival) од 1947година, се појавија „Марсовските хорники“ (The Martian Chronicles)од 1950година, цела серија раскази поврзани со заедничка тема на прагматично-земски, експлоатирачки и развратничко идилични марсовци. Романот е класика на научната фантастика и најпознато дело на Бредбери. Писателот почина на 5-ти јуни 2012 година во Калифорнија.

„Сега е придвижена мобилната астробиолошка лабораторија на површината на Марс. Денес е 92-годишнината од раѓањето на големиот писател. Тој направи многу за развојот на нашата желба да ја истражуваме Вселената и првиот ги изложи идеите за можноста за живот на Марс. Од денес, местото на слетување на Curiosityќе го носи името на Реј Бредбери (Bradbury landing)“, рече директорот на истражувачката програма MSL, Мајкл Мајер.

Како што нагласи шефот на тимот „пилоти“ на Curiosity, Мет Хеверли, точната локација на спуштањето Бредбери на површината на Марс е одредена со трагите од тркалата на роверот кој во средата го направи првото возење по површината на Црвената планета, што беше претходно објавено на мигроблогот на мисијата на Твитер. Според него, моторниот систем на Curiosityработи со полн капацитет, возилот направило движење напред и целосно свртување назад.

Покрај тоа, Винс Роџер, раководител на група научници одговорни за работата на ласерскиот спектрометар ChemCam, објавија дека е успешно тестиран овој уред и дека се добиени првите научни резултати.

Експертите на NASAја користат ChemCam за изучување на хемискиот состав на местот каде што беше приземјен модулот од Sky Crane. Според астрофизичарите, хемискиот состав на овој дел не се разликува од базалтовите карпи, претходно проучувани со помош на ChemCam. Како што соопшти Винс, во спектарот на сите проучувани карпи уредот „пронашол“ траги на ретките метали – магнезиум и титаниум, како и водородни атоми на површината на марсовските карпи.

Заменикот раководител со мисијата Curiosity, Џојп Крисп од Jet Propulsion LaboratoryNASA, додаде дека истражувачкиот тим го завршил тестирањетона осум од десеттенаучни инструменти коишто се наоѓаат на роверот. Еден од двата преостнати инструменти, анализаторот SAM, ќе биде тестиран наскоро. За време на движењето на Curiosity, научниците планираат да го запрат, да земат „погодни“ примероци од карпите со помош на манипулаторот и да го анализираат нивниот хемиски состав, како идругитесвојства во микролабораторијата инсталирана на роверот.

Макфакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: