3 знаци што покажуваат дека ќе ве запроси

Го пронаоѓате ли вашиот дечко тука некаде?

 

1.Почнал премногу да помага

Ако вашиот дечко одеднаш сака да мие садови или да ви помогне во одбирање постелнина можеби тоа го прави за да ви докаже дека е човек за брак. „Пред запросување тој потсвесно ќе бара начини да ја покаже својата домаќинска страна“ вели Тамсен Фадал, ко-автор на книгата „Зошто се уште чекам да ме запросат“? Сака да го видите како еднаков партнер.

 

2.Цело време се возвишува

Иако имате кариера и се грижите сама за себе, повеќето мажи сакаат да имаат стабилна финансиска состојба (добра работа, пристојна плата, уреден кредит) пред да стапат во брак. „Мажите инстинктивно сакаат да му помагаат на својот партнер“ вели Лес Парот, доктор психолог и автор на книгата „Откачено добар секс“, „така што тоа ќе го истакнуваат неколку недели пред запросувањето“.

 

3. Се однесува како да сте на почеток на врска

Потсетете се на последните недели. Се однесува ли повнимателно? Можеби ви донел цвеќиња без повод или ве носи на долги состаноци. „Дава се од себе за да биде сигурен дека кога ќе дојде време вие ќе кажете да“ објаснува Фадал. Малку е подмукло( не знам дали е правилно) но тој го прави тоа затоа што е возбуден од можноста да се венча со вас. „Планирањето да ве побара за жена за повеќето мажи е сосема ново љубовно ниво“ вели Парот. 

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: