Полицаец застрелал тројца луѓе во БиХ, на дете му пукал во нозете

Пензиониран полицаец од Босна и Херцеговина убил неколку членови од своето семејство, јавуваат босанските медиуми.

Трагедијата се случила во местото Лопаре, кај Бјелина, кога во петок попладне пензионираниот полицаец од автоматска пушка ја застрелал жената на братот, потоа отишол во станот каде што го убил синот на братот и неговата сопруга, додека на нивното 13 годишно дете му пукал во нозете. Потоа се застрелал во главата.

Детето е надвор од животна опасност, додека лекарите не сакаа да се изјаснат за состојбата на пензионираниот полицаец.

Злосторствата во полиција ги пријавил братот на убиецот.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.