Убиени војник и полицаец, а тројца полицајци ранети во Дагестан Махачкала

Тројца полицајци се ранети а еден војник е убиен во напад на неидентификувани вооружени лица на контролен пункт во Цунтинскиот регион на кавкаската руска република Дагестан, соопштија локалните власти.

Инцидентот се случил ноќта кон четвртокот, во близина на местото Мокок.

Неколку часа подоцна во населбата Бабајурт, во доворот од својата куќа бил убиен и полицискиот капетан Качмасов Расул Качмасович, припадник на републичкото министерство за внатрешни работи на Дагестан.

Поради нападите, во регионите во коишто се одиграле се активирани оперативните акции „Перехват“ и „Вулкан-4“, што значи зголемена приправност на безбедносните сили и организирање потрага по напаѓачите, пренесува РИА Новости.

Русија се обидува да ги уништи милитантните групи во Северен Кавказ, додека истовремено спроведува програми за заживување на локалната економија. Кремљ ја заврши својата еднодецениска кампања против сепаратистите во Чеченија во 2009 година каде од 1994 година се регистрирани на сите страни вкупно 250 илјади жртви, но сé уште се бори против преостанатите милитантни групи кои не прифаќаат примирје во Чеченија и околните републики.

Од 2010 година на територијата на Северен Кавказ, забележано е значително зголемување на активностите на милитантите. Руските севернокавкаски републики, а особено Дагестан, Чеченија и Ингушетија, се соочени со драматичен пораст на активностите на исламистичките милитанти коишто прогласија Емират Кавказ, при што напади на полициските и федералните службеници се пријавуваат речиси секојдневно.

Минатата година за разлика од 2009 година стопроцентно беше зголемен бројот на терористички напади. Руските федерални полициски сили одговорија на тоа со елиминација на повеќе од 300 милитанти. Притоа запленети се преку 1.665 огнени оружја, 1.200 килограми експлозиви, како и 110 експлозивни направи. Меѓу убиените бунтовници, 16 се повидни лидери на милитантите, а спречени се 58 терористички дејствија.

во соработка со: https://www.makfax.com.mk/

Пронајдете не на следниве мрежи: