Русија ги отфрла критиките за случајот Pussy Riots

Русија ги осуди критиките што доаѓаат од Запад за судењето и пресудата за трите припаднички на панк групата Pussy Riots, нарекувајќи ги политички мотивираи со елементи на „судирот на цивилизациите“. Трите членки на групата, 22-годишната Надежда Толоконикова, 24-годишната Марија Алохина и 30-годишната Екатерина Самуцевич се прогласени виновни и осудени на две годни затвор за „хулиганство поттикнато од верска омраза“.

Трите девојки од руската панк група Pussy Riot, ја изведоа нивната „панк молитва”, како што тие самите тврдат, против рускиот претседател Владимир Путин во која ја повикувале Богородица да го земе кај себе. На 21-и февруари годинава пет фанови и членките на Pussy Riot носејќи маски се втурнале во проповедалницата каде што е забранет влезот за несвештени лица и дошле до олтарот. Тие вклучиле засилувач и почнале да извикуваат навреди за свештенството и верниците. Тие тогаш не беа уапсени, но против нив беше подоцна подигнато обвинение за хулиганство.

„Овој случај само послужи како можност за најновите преуранети, пристрасни и политички мотивирани оцени“, изјави портпаролот на руското министерството за надворешни работи, Александар Лукашевич.

Истакна дека Западот мора да ја почитува потребата на Русија да ги заштити „милионите православни верници и луѓето од другите вери кои го почитуваат традиоционалното гледање на моралноста“.

„Оваа ситуација, без нималку сомневање, ги содржи елементите на судирот на цивилизациите“, порача Лукашевиќ.

(макфакс)

Пронајдете не на следниве мрежи: