Официјални детали за новиот Golf 7

 

Компанијата Volkswagen конечно ги објави првите официјални детали за седмата генерација на Golf. Официјалното претставување на автомобилот ќе се одржи во Берлин на 4-ти Септември.

Новата генерација на Golf е за 56мм подолг, 13мм поширок и 28мм подолг за разлика од неговиот претходник. Трагот на тркалата е поширок за 8мм напред и 6мм позади и е првиот Volswagen поставен на MQBплатформа. Капацитетот на багажникот е за 30 литри поголем од претходникот, односно ќе изнесува 380 литри.

Освен поголемите димензии, Volkswagen изјави дека успеале да намалат цели 100 кг за разлика од својот претходник. Тежината на овој модел ќе изнесува 1050 кг.

Потрошувачката е намалена за 12.9 проценти, додека пак кај некои верзии за цели 23 проценти.

Новиот Golf ќе биде достапен со моторите 1.2-litarskiot TSI бензинец, 1.4-литарскиот четири-цилиндричен бензиски мотор кој има моќност до 140 кс како и нова генерација на три и четири цилиндрични турбо дизел агрегати.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: