Интересни новогодишни СМС пораки

За да не морате вечерва да размислувате која смс порака на кого да ја пратите, наполнете го вашиот телефон со убави и интересни пораки за Среќна Нова година.

 

– „Нека срцето, паричникот и креветот никогаш не ти бидат празни во 2013 година!!“

 

– „Ти посакувам мала вила на охридско езеро, мини двосед ферари, мала кредитна картичка со два три милиончиња на нејзе, мала фирма и неколку дијамнатски каменчиња… Бидејќи среќата ја прават мали работи… Среќна Нова година!“

 

– „Ти посакувам убавина во јануари, љубов во февруари, мир во март, безгрижност во април, забава во мај, уживање од јуни до ноември и среќа во декември… Накратко, ти посакувам среќна 2013 година!“

 

– „Ти посакувам океан здравје, море љубов, езеро среќа и река пари – и ниту една капка болка и тага. Среќна Нова година!“

 

– „Ссррееќќннаа Нноовваа ггооддиинна! П.С. Извини, испив малку повеќе па сега се гледам дупло!“

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: