И Македонија во книгата за пропаста на светот

Во Попдраголевиот зборник, ракописна книга со македонска писмена традиција се споменуваат Струмица, Вадија, Гигово Поле, Мезина, Таен Рај и Овче Поле како места каде ќе започне пропаста на светот.

Претскажувањата на Зборникот даваат едно мрачно предвестување за она што ќе се случува во иднина, а главниот акцент се става на тоа дека луѓето ќе бидат казнети затоа што не ги почитуваат Божјите заповеди.

Она што е исто така доста интересно е тоа што топонимите од Македонија не се споменуваат во ниедно дело со верска содржина од Средниот век.

Овој зборник, кој потекнува од 1873-та година и има 272 листа, пронајден е во едно албанско свештеничко семејство од селото Скутари кај Скадар. Денес се чува во Народната билиотека во Белград.

 

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се

печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: