Како изгледаше 2012 од вселената

Loading...

Во морето на прегледи на годината која денес ќе ја испратиме, се појави и еден необичен преглед од НАСА која објави фотографии од најголемите случувања и катастрофи, гледани од вселената.

 

За почеток, сателитот WorldView-1 во јануари сними фотографија на која се гледа превртениот брод Коста Конкордиа. Потсетуваме, во несреќата погинаа 32 личности.

DigitalGlobe на 15 февруари, сними уништен и запален нафтовод во Хомс, Сирија. Нафтоводот го гранатирале силите, лојални на претседателот Башар ал-Асад.

Фотографијата на градот Харисбург, во американската сојузна држава Илиноис, настана благодарение на сателитот GeoEye во март, еден ден откако градот беше погоден од торнадо. 

Сателитот DigitalGlobe направи фотографија на Олимпискиот парк во Лондон на 24 јули. На овие Олимписки игри учествуваа повеќе од 10, 000 спортисти.

Сателитот исто така во јули успеа да го забележи и топењето на глечерите. Оној кој беше најдрастично одвоен беше два пати поголем од Менхетен.

Секако, не би можела ваква статија да помине, доколку нема нешто од страна на НАСА. На фотографијата е спуштањето на вселенското возило Curiosity на Марс.

Сателитот WorldView на 20 август ја сними фотографијата од облак над планината Фуџи во Јапонија.

Тука е и вселенскиот шатл Endevour; прицврстен на покривот на Boing 747.

НАСА на 29 септември забележа масовно движење на ураганот Сенди на источната американска обала. Во тој момент, Сенди веќе имаше одземено 50 животи на Карибите.

Фотографија на Њу Џерси која настана на 7 август и 31 октомври, кои покажува како изгледаше тоа подрачје пред и после ураганот Сенди.

 

loading...