Штраус, Верди и Вагнер на Виенскиот новогодишен концерт

Најпознатиот концерт на класична музика на светот, Новогодишниот концерт на Виенската филхармонија, годинава ќе биде посветен, освен на традиционалните валцери на семејството Штраус, и на делата на Џузепе Верди и Рихард Вагнер по повод 200-годишнините од нивните раѓања во 2013-та.

Концертот претпладнето на 1-ви јануари 2013 година, кој ќе биде 73-ти по ред, ќе биде директно пренесуван во 81 земја, што претставува нов рекорд, што се однесува до гледачите кои преку телевизиските екрани директно ќе го следат Виенскиот новогодишен концерт.

 

Во вторникот во виенската „Musikverein“ со Виенската филхармонија ќе диригира Фанц Велсер-Моест, вторпат по 2011 година. Педесет идвегодишниот музички директор на Виенската опера однапред се радува на „неспоредливото уживање на изведбата на валцерите“. Тој е еден од 15-те диригенти кои досега диригирале со оркестарот на Виенската филхармонија на Новогодишниот концерт, меѓу кои се најголемите диригенти како Херберт фон Карајан, Лорин Маазел, Зубин Мехта, Рикардо Мути…

 

Поголемиот дел од репертоарот, како секоја година,ќе биде посветен на композициите на семејството Штраус, Јохан Штраус таткото, Јохан Штраус синот и Јозеф Штраус.

 

Одбележувајќи ја претстојната 200-годишнина од раѓањето на италијанскиот композитор Џузепе Верди (1813-1901), како и на германскиот композитор Рихард Вагнер (1813-1993) оркестарот ќе изведе музика за балет од операта „дон Карлос“, како и прелудиумот од 3-от чин на Вагнеровата опера „Лохенгрин“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: