Кралското семејство ги замоли медиумите да не ја објавуваат сликата на разголениот принц (ФОТО)

 

 

Канцеларијата на принцот од Велс, Кларенс хаус им се обрати на британските медиуми со молба да не се објавуваат скандалозните фотографии на принцот Хари, објавени во средата американскиот портал TMZ.

 

Како што пишува британскиот весник Guardian, претходно портпаролот на принцот Хари потврдил дека на фотографиите направени во хотел во Лас Вегас, навистина е помладиот син на принцот Чарлс, но сепак одбил дополнително да коментира.

Претставникот на Кларенс хаус побара да се почитува приватноста на принцот Хари, бидејќи фотографиите се очигледно направени без негово знаење.

Според порталот TMZ, која е специјализиран за вести што се однесуваат на животот на славни личности, пикантните фотографии на членот на британското кралско семејство биле направени на 17-ти август, кога 27-годишниот Хари и неговите пријатели се одмарале во хотелскиот бар, каде што биле во друштво на непознати девојки. Наскоро момчињата им предложиле на новите пријателки, чии идентитети не се соопштуваат, да појдат до луксузниот апартман кој го изнајмил принцот Хари. Таму друштвото решило да игра „билијард”.

На една од фотографиите, висок црвенокос млад човек, кој многу наликува на принцот Хари е во средината на собата гол, покривајќи најголем дел од своите интимни делови со рацете. Зад него, се крие девојка, целосно гола. На втората слика е гол маж кој нежно во прегратка од зад држи гола девојка која држи стап за билијард.

Однесување принцот Хари за време на неговата посета на САД не е првпат да стане предмет на вниманието на таблоидите. Во 2011 година, додека беше во американската воена база во градот Гила-Бенд, Хари, кој има чин на капетан на британските Кралски воздухопловни сили, беше во центарот на интересот на таблоидите за неговите „несоодветни односи со локални жителки”. Пред тоа нему му беше припишувана афера со келнерка во ноќен клуб во Калифорнија./крај/мф/сн

Преземено од https://makfax.com.mk

Пронајдете не на следниве мрежи: