Одборот за помилување во Њујорк по седми пат ја одби молбата за помилување на убиецот на Џон Ленон, денеска 57 годишниот Марк Давид Чепмен, јави Си-Ен-Ен.
Чепмен на денот на убиството го сочекал Ленон пред неговиот стан во Њујорк на 8 декември 1980 година. Му пукаше во грб, а потоа ја сочека полицијата да го уапси.
Веднаш ја призна вината, па судот го осуди на затворска казна од 20 години до доживотна. Во затвор се наоѓа 31 година.
Преземено од https://makfax.com.mk
Пронајдете не на следниве мрежи: