По 25 години компанијата Мајкрософт реши да го промени логото. Компанијата во четврток оваа информација ја објави на својата официјална страница.
„Сега е совршено време за промена. Ова беше неверојатно возбудлива година за Мајкрософт бидејќи се подготвуваме да ги објавиме новите верзии на сите наши производи. Од Windows 8 до Windows Phone 8, па сè до Xbox услугите и новата верзија на Office. Овој бран на објави претставува нова ера за Мајкрософт, па заради тоа и нашето лого еволуираше за да биде визуелно достоен на новиот почеток”, се вели во службеното соопштение.
Новото лого се состои од четири помали квадрати сложени во еден поголем, а покрај него пишува Мајкрософт.
Преземено од https://makfax.com.mk
Пронајдете не на следниве мрежи: