И покрај верувањето дека пушењето го ублажува чувството на стрес, лицата коишто престанале да пушат се помалку се напнати, покажува истражувањето на британските научници.
Британските психијатри од универзитети Кембриџ, Оксфорд и Кингс Колеџ следеле околу 500 пушачи кои ги посетувале клиниките за одвикнување од пушење во Англија и утврдиле дека нивото на стресот кај 68 лица кои успешно престанале да пушат „значително е помало“ шест месеци откако престанале да пушат, пренесува BBC.
Британските научници велат дека тие резултати би требало да се користат за да се
разубедат пушачите кои сакаат да престанат да пушат да престанат пушење го зголемува нивото на стресот.
Според резултатите коишто се објавени во магазинот British Journal of Psychiatry ефектот престанувањето на пушењето врз нивото на стресот е појак меѓу оние кои пателе од психичките пореметувања како што се наглите промени на расположението, отколку кај оние кои пушеле поради чувство на задоволство кое им го давала цигарата.
Истражувањето покажало дека и неуспешните обиди за престанокот на пушењето кај лицата кои патат од пореметување на расположението доведува до благо зголемување на чувството на напнатост, додека кај оние кои пушеле само поради чувството на задоволство нивото на стресот не се менувало по повторното почнување на пушењето.
Научниците велат дека истражувањето покажало дека пушачите кои првата цигара во денот ја палеле за полесно да се носат со проблемите, тоа го правеле веднаш по будењето за со цигарата да ги ублажат симптомите на апстиненција како што е напнатоста. Во случаите кога престанале да пушат исчезнувале и тие секојдневни епизоди на утрински стрес и затоа се чувствувале помалку напнати.
Пронајдете не на следниве мрежи: