Необичниот избор за убавина на кој се натпреваруваат слонови е традиционален настан кој со години се организира во Националниот парк Читван во Непал.
Од вкупно 90 пријавени слонови, во најтесниот круг стигнале 10, а во финалето само 3.
Основните критериумите врз кои петчленото жири ги избира финалистите се личноста и темпераментот на животните, но секако дека тоа не се единствените фактори кои влијаат врз одлуката.
Во нив се вбројува колку се чисти, потоа колку добро им се обоени ноктите зашто на секој слон му е направен педикир како и тоа колку се добри шарите со кои им се украсени телата.
Шри Рам кој работи во Комететот за менаџмент вели дека оваа година декорацијата на телата на слоновите имала пресудна одлука врз изборот на финалистите.
Погледнете како изгледа овој необичен избор за убавина.
Пронајдете не на следниве мрежи: