Многу девојки ја користат Новата година како изговор да направат безброј глупости, како на пример да спијат со „рандом“ момци, мислејќи дека така си ги решаваат проблемите, или се прибираат дома во толку пијана состојба, што незнаат кај им е едната чевла, или маичката, или каде им се скинала хулахопката.
1. Обид да надоместат за ужасната година
Девојките имаат различни идеи за тоа што значи ужасна година. Не дека тоа е лошо, всушност убаво е да немате некои огромни причини кои ве вознемириле. Но, проблемот настананува кога ќе прашате некоја девојка зошто е разочарана од изминатава година и таа ви одговори дека се скарала со многу добра другарка и дека раскинала со дечкото со кој била цели 4 месеци во врска и потоа се здебелила. Како девојките ги решаваат овие проблеми? Со правење на истите „решенија“ што девојките ги прават на Нова година, имаат повеќе секс, побезобразни се, и повторно слабеат. Девојки, ова не се вистински проблеми, сфатете дека вашиот живот не е всушност ужасен, имајќи секс на Нова година не значи дека тоа ќе направи следната година да ви биде подобра.
2. Да му се одмаздат на бившото момче
Во однос на раскинувањата што ги прават момците со девојките, многу девојки би ја искористиле Новата година како право време да се одмаздат на својот поранешен дечко. Ќе ги облечат најпровокативните и најсекси парчиња облека со високи потпетици, во обид да запознаат некого. Ова се нарекува секс од омраза. Крајно е одмазднички и девојката точно знае што прави. Оваа девојка би кажала на сите свои другарки дека со превземањето на овој потег , таа правилно ќе ја започне следната година – се одмаздила на своето бившо момче и сега може да почне одново. Нека не извести како тоа „функционира“.
3. Да го привлечат вниманието на своите бивши момчиња
Постои уште еден тип на сингл девојка за ноќта на Нова година. Не онаа што се одмаздува, но девојка која всушност е повредена поради раскинот со својот дечко. Таа би направила се за да го врати назад и секако, кој е подобар начин да го привлече неговото внимание од машка придружба? Тие намерно ќе пијат премногу алкохол, ќе флертуваат премногу, ќе се слика со што може повеќе „рандом“ момци, се со надеж дека нејзиниот бивши ќе го забележи тоа и ќе и се врати поради љубомора. И уште еднаш, нека не известат овие девојки како и ова „функционира“.
4. Некои девојки би направиле се за бакнеж на Нова година
И на крај, има девојки што ќе направат се што е во нивна моќ за да се осигураат дека ќе добијат бакнеж за Нова година. Тие се презентираат на екстремно очигледен начин, само за да бидат сигурни дека некој ќе ги постави своите раце на нив на полноќ. Поради некоја причина, да добиеш бакнеж на Нова година, значи дека си вешт и искусен, а ако не се бакнете со некого за Нова година, тогаш сте губитник.
Девојки, па и сите останати, размислете, вистина или не?
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: