Како ќе изгледа светот во 2037-ма година?

Можеби 2037-ма година нам ни изгледа преногу далеку и ни е тешко да замислиме што ќе се случува тогаш, но за научниците тоа и не е толку далечна иднина па затоа тие веќе открија како ќе изгледа светот во тој период.

Едно е сигурно, нема да одиме на работа со летечки автомобили ниту пак ќе одиме на ручек во Марс, но нашето секојдневие нема да биде досадно.

Според научниците, ние луѓето повеќе ќе консумираме лекови против депресија, но тоа нема да ни биде ништо чудно, туку ќе биде нешто што се подрзбира само по себе. 

Во однос на купувањето, ќе се забележи негово исклучување, па наместо да се купуваат работите, тие ќе се разменуваат.

Разликата помеѓу приватниот и професионалниот живот полека ќе се стопи и слее во едно.

Ќе се чувствуваме се поосамени.

Се поголем број луѓе ќе живеат во делови од градот каде ќе бидат заштитени со високи ѕидови, како би се одвоиле од оние кои ќе имаат заработка помала од нивната.

Биргит Гебхард кој е дел од истражувачкиот тим вели дека секој кој го слушнал ова рекол дека не сака да живее во таков свет. Што мислите вие за него?

 

Пронајдете не на следниве мрежи: