Клои поубава од сестра и Ким?

Обично Ким Кардашијан го привлекува целото внимание кога сите од кланот Кардашијан се излезени заедно, меѓутоа и Клои знае да изненади.

Папараците ја фотографираа Клои со личниот шминкер Скоти Чунха, како одат на кафе – пауза за време на снимање нова фотосесија на Клои Кардашијан.

Клои, Ким и Кортни заедно позираа за фотосесијата. Клои носеше секси црно – бел фустан без прерамки, од нејзината „Sear’s Kardashian Kollection“, со црни сандали и светло црвен лак за нокти, кој го истакнуваше нејзиниот веренички прстен. Клои која најчесто е критикувана поради својата тежина, всушност изгледа прилично добро, зарем не?

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: