Шокантно: Ја продава својата невиност за да и помогне на болната мајка

Осумнаесет годишната Ребека Бернардо, средношколка од Бразил, се одлучила на очајнички чин за да и помогне на својата болна мајка и да собере доволно пари за таа да се излечи. Имено, таа се решила да ја понуди на аукција највредната работа која ја поседува- својата невиност…

 

Светот е сурово место и секој ден се случува нешто за да не потсети на тоа. Било да е во прашање бруталност спрема животните, или фактот дека во светот постојат 100 милијардери а две милијарди од луѓето во светот се сиромашни, нашата преубава Земја е дом каде живее голема неправда…

 

Осумнаесет годишната Ребека Бернардо од Бразил, одлучи да направи еден очајнички чин за да и помогне на својата мајка. Таа организираше аукција на која ја продава својата невиност.

 

Нејзиниот татко не живее со нив и не сака да и помогне на својата поранешна сопруга, додека нејзината постара сестра починала пред неколку година. Па така, Ребека е единствената која дава некаква надеж за спас.

 

На нејзината (не)среќа, светот е преполн со перверзни и морално осакатени луѓе, кои се подготвени да платат за вакво нешто, а не да помогнат без да очекуваат нешто за возврат. 

 

Нејзината мајка не го подржува нејзиниот план и се надева дека таа ќе успее наместо тоа да најде некаква работа…

Пронајдете не на следниве мрежи: