Оскаровката Хелен Мирен доби ѕвезда на холивудскиот Булевар на славните и тоа веднаш до британскиот колега Колин Фирт.
„Многу сум горда и среќна што конечно ќе лежам покрај Колин Фирт, тоа е нешто што одамна го посакував“, вели Мирен низ смеа.
Хелен Мирен (67), Оскарот го доби за улогата на кралицата Елизабета во филмот од 2006 година, „Кралица“.
Нејзината ѕвезда на Булеварот на славните е 2.488, и претставува награда за животно достигнување, пренесува Reuters.
Фирт, својата ѕвезда ја доби во 2011 година, откако го доби Оскарот за улогата на британскиот крал Џорџ IV во филмот „Говорот на кралот“ од 2010.
„Многу сум среќна и горда и мислам дека за британската монархија е добро што е овде, на холивудскиот булевар каде кралот и кралицата ќе спијат заедно“, додава Мирен.
Актерката на церемонијата во четврток ја претстави писателот и режисер Дејвид Мемет.
„Улогите на Хелен не се само фалени, туку и обожувани“, вели тој.