Постојано посетуваме и зборуваме за различни градови, се интересираме за објекти карактеристични за нив, а често и се прашуваме од каде всушност ги добиле имињата. За некои имиња на градовите има интересни толкувања, за други не. Еве како ги добиле имињата следните градови:
1. Охрид
Веројатно сите сте ја слушнале легендата за потеклото на името на најубавиот туристички град во Македонија. Имено, царот Јустинијан се качил на ридовите на кои лежи градот и гледајќи ја прекрасната околина извикал „ох рид“. Според некои толкувања тоа било кажано во смисла колку убав рид, според други тоа значело „ох уште еден рид“. Сепак оттогаш останало името на овој град да биде Охрид.
2. Скопје
Во зависност од историските прилики главниот град на Македонија, бил именуван со рзлични имиња.
Античкото име му е Скупи (латинско потекло).
Во документите од византискиот период е означуван како Скопија.
Овој град најчесто бил нарекуван Скопие, Скопље, за конечно денес да се вика Скопје.
3. Битола
За потеклото на името на овој град добиваме сознанија од записите на Марко Цепенков. Според нив, името доаѓа од големопоседникот Тољо кој имал тврдина во близина на селото Буково. Во времето кога Турците дошле на овие простори и сакале да го повикаат Тољо на борба, застанале пред неговата тврдина и викале: „Би Тољо“, „Би Тољо“.
Марко Цепенков заклучува дека токму оттаму дошло денешното име Битола.
4. Прилеп
Постојат повеќе претпоставки за потеклото на името на овој град.
Според едно предание на Марко Цепенков, луѓето кои започнале да се населуваат на територијата на градот, започнале да градат куќи залепени до Калето, па според тоа што биле прилепени, градот започнал да се нарекува Прилеп.
Според Блаже Конески името на овој град доаѓа од личните имиња Прилепа и Прилепка зачувани во руската антропонимија.
5. Тетово
Потеклото на името на овој град го објаснуваат неколку легенди.
Онаа најверојатната е дека во времето на турското ропство помеѓу два рида во непосредна близина на градот живеела една голема змија. Од неа сите се плашеле и не можеле да поминат по тој пат. Еден човек по име Тето решил да и се спротистави. Тој се наоружал и тргнал да се пресмета со неа. Откако успеал да ја убие, кај луѓето исчезнал стравот, патот помеѓу двата рида бил ослободен, а населението го нарекло градот Тетово, во чест на својот спасител Тето.
6.Париз
Првичното име на главниот град на Франција било Пангезим. Тоа име дошло од старите жители на Париз: Пинтерското и Ризкото племе.
Денешното име Париз, го дал Јулијан Отпадникот (1703-1759)
До раниот 20-ти век,во францускиот жаргон овој град бил нарекуван и Панам.
7.Стокхолм
Главниот град на Шведска води потекло од старите зборови на оваа земја: Stock и Holm што во превод би значело „место на островче“. Оваа конструкција добива смисла ако се знае дека најстариот дел од градот се наоѓа на островот Хелгеандхолмен.
8.Токио
Најголемиот град, не само во Јапонија туку и во светот, бил основан во 1603-та година и бил наречен Едо.
Во 18-от век, како резултат на константното растење на бројот на жители бил наречен Едокко (дете на Едо)
Своето конечно, денешно име го добива во 1869-та година кога императорот Меиџи го нарекол Токио.
9.Мадрид
Историјата за името на главниот град на Шпанија започнува во 9-от век кога по наредба на Мухамед Први била изградена тврдината ал – Мудаина. Во близина на оваа палата се наоѓала и ал-Мајрит (со значење извор на вода). Според тоа, целата област започнала да се вика Мајерит, а потоа со измените и развојот на правописот се стигнало до денешното име-Мадрид.
10.Софија
Првичното име на градот било Сердика (град на Сердите) и датира од 8 век п.н.е.
Со религиозната реформа на императорот Константин Велики (306-337) Сердика станува центар на епископијата.
Подоцна Сердика и црквата „Света Софија“ стануваат центар на тогаш особено важниот Сердиски собир.
Своето конечно име го добива во 15-от век во чест на најважната црква од тој период- „Света Софија“.
Пронајдете не на следниве мрежи: