Капитенот на Челзи, Џон Тери, разочаран поради фактот што Френк Лампард би можел да го напушти клубот во летниот преоден трансфер-период, им предложи на челниците на клубот да ја повлечат „осмицата“ од употреба во клубот.
Се чини дека се е јасно околу приказната со Френк Лампард. Играчот од средниот ред на екипата на Челзи ќе го напушти клубот, а Џон Тери не криеше дека е потполно разочаран од таквиот развој на настаните.
„Разочарување е тоа што го чувствувам по тоа прашање“ напиша Џон Тери во својата линча порака.
Капитенот на Челзи не ги штедеше пофалбите на сметка на Лампард истакнувајќи дека дресот со број осум би требало да се повлече од употреба кога Френк Лампард ќе го напушти клубот.
„Треба да се повлече дресот со број осум во чест на Френк Лампард. Тој е херој, легенда, пријател, гол-машина…“ напиша Тери.
Иако навивачите на Челзи го делат истото мислење со Џон Тери, сепак се поизвесно е дека клубот нема да му понуди продолжување на договорот на Френк Лампард.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: