Тренерот на Арсенал призна дека чувствува голем притисок од јавноста и напаѓачите кои не сакаат непознати и неафирмирани играчи во својот клуб.
Французинот во последно време трпи голем притисок поради својата трансфер-политика која се базира со доведување на млади и непознати играчи од кои подоцна Арсенал едноставно ги прави ѕвезди.
Венгер е свесен дека навивачите имаат малку поинакви очекувања кога е Арсенал во прашање.
„Премногу е тешко, во Арсенал сите имаат високи очекувања“
„Луѓето во Лондон би сакале да го видат Лионел Меси, не сакаат некој талентиран играч кого не го знаат. Тоа е разбирливо бидејќи познатото име дава надеж. Кога ќе доведете некој играч кој луѓето не го знаат, на него се гледа со огромна доза на сомнеж“ изјави Венгер.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: