Нема веќе никакви дилеми, Фернандо Љоренте е играч на Јувентус, Билбао има два дена да одлучи дали ќе ја прифати понудата за напаѓачот да го засили италијанскиот клуб овој месец.
Во спротивно, уште во првиот ден на јули би преминал како слободен играч во Јувентус.
Работата е завршена уште летото, меѓутоа Јувентус чекаше Љоренте да добие право да преговара околу договорот.
Тоа е направено во претходните два дена, Баскиецот го одржа зборот, ќе потпише четиригодишен договор со италијанскиот шампион вреден околу 4.5 милиони евра, плус бонус.
Тој имаше подобра понуда од матичниот клуб, околу 5 милиони евра по сезона, но уште минатиот преоден трансфер период изјави дека сака да игра во Лигата на Шампионите и дека заминувањето во поголем клуб го смета за обврска за понатамошен напредок во кариерата.
Во игра беа и Тотенхем и Арсенал, но како што и претходно беше споменато, Љоренте им даде збор на луѓето од Јувентус.
Останува и понатаму прашањето за тајмингот, Италијаните се спремни да платат три милиони евра на Баскијците за да Љоренте премине веднаш.
Љоренте се соочуваше со гневните навивачи на Атлетик Билбао, не е во добри односи со тренерот Биелса. Интересна е приказната околу односот меѓу Биелса и Љоренте. Имено, Биелса се сомнева дека Љоренте на своите колеги од репрезентацијата им зборувал лоши работи за тренерот, па така пропаднало преминувањето на Биелса на клупата на Барса по заминувањето на Гвардиола, наводно фудбалерите на Барса откако ги дознале тие работи целосно го блокирале доаѓањето на Биелса во Барселона.
Неодамна Љоренте изјави дека животот во клубот му се претворил во пекол, но и повтори дека парите немаат никаква поврзаност со неговото заминување од Баскија.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: