Каде се актерите од филмот “Кум“?

Поминаа цели 37 години откако излезе првиот дел на Кум во кино салите. Режисерот Францис Форд Копола направи еден од најдобрите мафијашки филмови во историјата. 

Еве неколку информации за познатите актери кои глумеа во “Кум” низ времето:

1.Марлон Брандо во улога на Дон Вито Корлеоне

Легендарниот актер Марлон Брандо веќе беше ѕвезда уште пред да се појави во улогата на мафијашот Вито Корлеоне, но токму таа улога му го донесе вториот оскар. Првиот оскар го добил во 1954-та година за филмот „On the Waterfront”. Легендарниот актер почина во Јули 2004 год.

2.Ал Пачино во улога на Мајкл Корлеоне

Најголемиот успех Ал Пачино го достигна со улогата на Мајкл за која доби повеќе номинации за оскар. Подоцна тој глумел во многу успешни филмови како  „Serpico“ и „Dog Day Afternoon“ . Во 1992 година за прв пат доби награда за филмот „Scent of a Woman“.

3.Џејмс Кан во улога на Сантино-Сани Корлеоне

Навикнати сме Кан да го гледавме во улоги на лоши дечки како што беше и примерот на Сани Корлеоне. Тој доживеа пад на неговата кариера во 1980-та година поради смртта на неговата сестра и проблемите со дрогата. Кан се врати на платното со серијата „Лас Вегас“ .

4.Роберт Дувал во улога на Том Хаген

Џејмс веќе беше успешен актер пред да го глуми посвоениот син на кумот. Исто како Пачино, беше номиниран за оскар и кариерата му се движеше по нагорна линија. Актерот конечно доби оскар во 1983 год за филмот „Tender Mercies“, а во 2006-та година доби Еми за филмот „Broken Trail“.

5.Талија Шир во улога на Констанца-Кони Корлеоне

Талија немала искуство во актерството пред да ја глуми ќерката на Вито Корлеоне. Но, факот дека е сестра на режисерот Копола можеби и помогнал да биде дел од оваа одлична актерска екипа. Таа најголемиот успех го достигна со улогата на жената на Роки Балбоа во филмот „Rocky“. 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: