Одиграни беа два натпревари во НБА лигата во кои еден натпревар го добија домаќините, додека другиот гостите.
Њу Јорк пред своите гледачи славеше во дуелот со Сан Антонио, додека пак на другиот натпревар Минесота славеше на гостински терен кај Денвер.
Њу Јорк Никс ја прекинаа низата од седум победи на Сан Антонио Спарс со убедлива победа од 100-83. Кармело Ентони имаше солидна вечер, имаше учинок од 23 поени, 20 успеа да реализира Смит, додека пак Стив Новак постигна 15 коша.
Од друга страна, Тони Паркер и Тим Данкан постигнаа 11 поени, додека комплетната екипа имаше успешни обиди со бројка од 36,4%.
На другиот натпревар, Минесота со играчки и резултатски пресврт славеше кај Денвер на гостински терен со резултат 97-101. Коуфос кај домаќините беше најефикасен со постигнати 16 коша. Кај гостите, победничкиот тим, Бареа имаше 17 поени, 4 скока и 5 асистенции.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: