Париз ја губи титулата „Град на светлината“?

Голема е веројатноста Париз да го изгуби епитетот „Градот на светлината“. Како што најавуваат властите, светлата во Париз ќе мора да се исклучуваат заради потребата од штедење на електричната енергија.

 

Францускиот претседател Франсоа Оланд и министерката за енергетика Делфина Бато велат дека ќе се исклучуваат светлата пред зградите, деловните простори и продавниците.

За излегување во доцните часови луѓето ќе мора да носат батериски ламби.

Ова правило ќе се применува не само во главниот, туку и во останатите градови и села во Франција.

Рестрикцијата ќе започне да се спроведува во јули, така што светлата ќе бидат гасени во периодот од 1 до 6 часот после полноќ.

Kај некои француски фирми постои страв дека оваа постапка ќе ги избрка туристите, што ќе и нанесе огромна штета на оваа земја.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: