Топ 5 епизоди на „How I Met Your Mother“

„How I Met Your Mother“ (“Како ја запознав мајка ви?“) е хуморстична серија за татко, Тед, кој им објаснува на своите две деца како ја запознал нивната мајка. 

Оваа серија е полна со комични моменти и иако е многу тешко да се избере кои се најдобрите епизоди, сепак издвоивме неколку. 

 

1. „Arrivederchi, Fiero!“

Во втората сезона, Маршал планира да ја прослави 200.000 – та милја на неговата сакана кола, Фиеро, но тоа баш и не успеа. Маршал ја заработи колата од своите браќа и го постави правилото: „Без храна и пијалок“ во автомобилот. Лили и Робин го игнорираат ова правило, што доведе до нивниот изговор за миризбата во колата, дека таа е од тајландска храна и цигари. Незаборавниот момент на Тед беше кога е на патување со Маршал, за време додека одат на колеџ, кое им помогна да го зацврстат своето пријателство. Еден од поинтересните моменти е кога Барни го објаснува ужасот на неговото прво возачко искуство. Тој е збунет возејќи речиси 5 милји на час и полека се довезува во една грмушка, додека Тед е хистеричен на совозачкото седиште.

2. „Slap Bet“

Епизодата кога Барни и Маршал ќе се обложуваат за тоа, која е причината што Робин мрази трговски центри. Маршал мисли бидејќи таа се венчала во трговски центар, додека Барни мисли дека снимила порно видео. Лили, како комесар на обложувачката, дознава дека Робин се има венчано. Но, потоа Барни наоѓа лента: „Robin Sparkles“и го победува Маршал. На крајот, Робин и на двајцата им докажува дека грешат и дека тоа видео е всушност музичко видео од неа како канадска поп пејачка, кога била тинејџер.

3. „Showdown“

Во оваа епизода, Барни открива дека неговиот татко е Боб Баркер. За конечно да го исполни својот сон и да го запознае својот татко, Барни учеше од книгата „Price is right“. Тој дури и го вежбаше своето движење до натпреварувачкиот ред со екипата. Откако успева во секоја област за да го направи својот татко горд, станува премногу срамежлив да му каже на Боб дека е негов син. Нил Патрик ја прави оваа епизода да биде една од најдобрите.

4. „The Bracket“

Оваа епизода е игра на НЦАА кошаркарски турнир. Барни дознава од Лили дека некоја девојка го следи и таа им кажува на сите девојки кои му се додворуваат дека Барни е играч. Тој ги подредува сите девојки кои би можеле да му го направат ова. Екипата се намалува до „Последните четири девојки“. Тогаш, Лили предложува Барни да се извини на секоја девојка, но тој не се држи баш до тој план.

5. „Swarley“

Барни го добива прекарот „Swarley“ од девојка која му продава кафе и која наместо Барни и се слушнало „Swarley“. Екипата постојано прави шеги околу неговиот нов прекар. Барни му се одмаздува на Маршал, покажувајќи му дека новата девојка на Маршал (додека Маршал и Лили се на пауза), има „луди очи“. Завршува со тоа што   вистинскиот „луд“ во целата ситуација е Лили, која се обидува да ги раздели нив двајца, бидејќи сеуште има чувства за Маршал. 

Ова се само пет епизоди од сите пет сезони, за кои се надеваме ќе се сложите дека се едни од најдобрите. Но, сепак секој има своја омилена епизода, па можете да ги споделите со нас.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: