Ќе пешачи околу 5 години во чест на инвалидите

Англичанецот Мајкл Ли Џонсон ќе пешачи од Лондон до Пекинг и неговиот план ќе почне да го остварува од јули оваа година.

28-годишниот Мајкл во текот на своето патување ќе помине околу 14.400 километри што според него ќе трае од три до пет години.

Неговиот план е постојано да објавува детали и локации од патувањето на социјалните мрежи со надеж дека ќе привлече спонзори како и помош од локалната самоуправа. Исто така тој смета дека колку повеќе луѓе знаат како му оди патувањето и каде се наоѓа, толку полесно ќе му биде да пронајде храна и сместување. На тој начин тој ќе се чувствува посигурно.

Мајкл вели: „Ова не го правам за себе туку за инвалидизираните луѓе. Сакам да им помогнам на оние кои  не можат да патуваат да го запознаат светот преку она што ќе го објавувам на социјалните мрежи.“

Според Британецот овој огромен предизвик ќе отвори ново поглавје во неговиот живот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: