Брејвик осуден на 21 година затвор

Адвокатот на Брејвик рече дека ќе се жали на пресудата само доколку неговиот клиент биде прогласен за ментално непресметлив, во спротивно Жалба нема да има.
Екстремниот десничар Брејвик во јули минатата година во Норвешка уби 77 луѓе. Отвори оган во летен камп на млади политичари, убивајќи 69 лица, откако претходно во близина на седиштето на владата во Осло детонираше бомба, при што загинаа осум луѓе.
Норвешките обвинители во завршните зборови бараа Брејвик да биде прогласен за непресметлив и казната да ја служи во психијатриска установа.
И натаму најверојатно ќе остане во затвор со висока безбедност што има и посебно крило што служи како мини болница.
Одбраната пропушти формално да побара ослободителна пресуда, што предизвика остра реакција на Брејвик. Ова барање беше потврдено дури на прашање на судиката.

макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: