Пад на цената на нафтата

Цената на нафтата на светскиот пазар и натаму е во пад бидејќи на пазарите владее песимизам кога станува збор за опоравување на американската економија.
Во Њујорк цената на суровата нафта падна за 99 центи и сега е 96,27 долари за барел.Во Лондон цената на суровата нафта „брент“ е помала за 47 центи ис ега изнесува 114,54 долари за барел.

Аналитичарите наведуваат дека падот на цената на нафтата го избриша речиси секој приход веднаш откако беше објавено соопштението за најновата политика на американските Федерални резерви, во кое се сугерира да се подготват нови чекори за јакнење на економијата, додека се присутни и несигурности околу ситуацијата во Европа.

макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: